Градкста библиотека „Браќа Миладиновци“ организира промоција на Книжевни разговори со Елена Пренџова. Средбата ќе се одржи на 19 мај (четврток) 2016 година, со почеток во 18.30 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. На средбата ќе се разговара за актуелните состојби во македонската книжевост за статусот и вреднувањето на младите писатели. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.
Елена Пренџова е автор на шест поетски книги. Како поетеса е присутна на книжевната сцена од 2006 година кога ја објавува својата прва збирка поезија „Јас“. Потоа ги објавува кигите „Таа“, „Пораки од Морето“, „Живот под ѕвездите“, „Љубољубна“ и „Политички коректна поезија“. Активно објавува во македонската и странска периодика а нејзината поезија е преведена на албански, босански, бугарски, српски, украински и хрватски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија.
За нејзината поезија професорката Кристина Николовска ќе напише: „ Иновација, свежина, нова крв, поетска енергија, ведрина – тоа се поетолошките адути на поетесата. Пренџова ужива во графеменските потенцијали на формата…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.