Каков фидбал некогаш се играше, се ас до ас. Македонците беа тие кои ја претставија Југославија во Купот на шампиони.
Титулите ги освојуваа Железничар, Хајдук Сплит, Сараево, Партизан, Црвена Ѕвезда…
Титула на средината на осумдесетите освои и Вардар, но таа на прекрасната генерација фудбалери им беше одземена.
Таа 1986/87 година играна е педесетидеветата сезона по ред во која се организираше првенство на Југославија во фудбал. Шампион стана Партизан, освојувајки ја својата единствена шампионска титула.
Сепак сезоната ја обележа аферата за наместениот натпревар од претходната година, кога фудбалскиот сојуз казни 12 тимови кои сезоната ја започнаа со минус шест бодови.
По 34 одиграни кола шампион стана Вардар, но по пресудата на уставниот суд да се поништи одлуката за одземање на бодови, титулата е доделена на Партизан.
Првенството започна со многу, но не со сите клубови кои имаа шест негативни бодови. Судот на здружен труд на Србија ја поништи оваа одлука неколку години откако ФСЈ ја донесе.
Сепак, во европските купови отидоа прваци според табелата која беше резултат на одлуката на ФСЈ, а на чело од тогаш во легендите влезе Славко Шајбер.
По последното коло во сезоната 1985/86 година Партизан стана шампион благодарение да подобрата разлика во голови од второпласираната Црвена ѕвезда. Меѓутоа, 20 јуни 1986 година Фудбалскиот сојуз на Југославија на чело со Славко Шејбер, донесе одлука за:
– Поништување на последното коло од сезоната 1985/1986 и наредба за повторни играње на сите девет натпревари.
– Одземање на шест бодови на секој од 12 тима, осомничени за наместени натревари, што значеше дека наредната се започнува со шест бодови помалку.
Сите клубови освен Партизан прифатија повторно да се играат натпреварите, чиј меч е регистриран со службени 3:0 за Железничар од Сараево. Како последица на ова Партизан ја губи титулата со оглед на тоа дека на табелата пристига Црвена ѕвезда која ја претставува Југославија во купот на шампиони наредната сезона.
Следуваа жалби и тужби и целата работа заврши на Уставен суд. Додека судот да ја донесе пресудата, следната сезона веќе беше завршена, а првак стана Вардар. Токму поради ситуацијата што 10 тимови ја започнаа сезоната со 6 бодови помалку.
Сепак судската пресуда гласи дека нема докази за местенки во последното коло од претходната сезона и титулата е вратена на Партизан. Ова автоматски значело дека нема основа за одземање бодови во сезоната 1986/87 и по собирањето на новата бодовна состојба нов шампион е Партизан наместо Вардар.
Сепак Вардар беше тој што ја претставуваше Југославија во купот на Шампиони.
Каква златна генерација
Во сезоната 1986/87 на чело со тренерот Андон Дончевски, Вардар имаше тим за респект: Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Тони Савевски, Бобан Бабунски, Вујадин Станојковиќ, Васил Рингов, Јовче Џипунов, Никола Аврамовски …
Пехарот за шампионската титула за сезоната 1986/1987 сеуште е во витрините на ФК Партизан во Белград, и време е да се исправи неправдата и тој да биде пренесен во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.