Капитенот на Челси, Џон Тери, потпиша нов едногодишен договор со клубот и ќе остане на „Стемфорд бриџ“ и следната сезона. Иако имаше најави за разделба, сепак, раководството на лондонските „сини“ во разговор со новиот тренер кој ќе го преземе клубот за следната сезона, актуелниот селектор на Италија, Антонио Конте одлучи да го задржи уште една година одличниот дефанзивец, а тој без размислување прифати да остане во редовите на Челси.
– Пресреќен сум што потпишав нов договор со Челси. Сите ја знаат мојата посветеност кон клубот. Гледам позитивно напред што се однесува до следната сезона и мислам дека тимот ќе остварува успеси под водство на новиот менаџер. Сакам да им се заблагодарам на фановите за огромната поддршка. Вие сте најдобри во светот – изјави Џон Тери за официјалниот сајт на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.