| четврток, 6 декември 2018 |

Хојт Ји денеска во посета на Македонија

Заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји денеска доаѓа во Македонија.

240544

Како што информираа од Амбасадата на САД во Скопје, засега нема детали за агендата на средбите на американскиот дипломат во земјава.

Последен пат Ји во Македонија беше во март, годинава. Тема на неговите средби со македонските политички лидери тогаш беше спроведувањето на договореното од Пржино и подготовките за предвремените парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top