| четврток, 6 декември 2018 |

Метода која го излуде светот – ако сакате машко јадете месо, а за девојчиња пијте млеко

bebe

Многу парови ширум светот се обидуваат да го предвидат полот на своето идно дете. Некои од нив идат дотаму што користат чудни техники како би ги исполниле желбите за добивање машко или женско дете.

Шансите да се роди момче или девојче се 50/50, но некои идни родители сепак се прашуваат дали можат да влијаат врз полот на детето. Некои идни мајки се обидуваат да се потпрат на приказни кои влијаат на полот преку конзумирање одредена храна или се обидуваат да останат бремени во одредено време од денот.

Методата на доктор Ландрум Шетлес вели дека ако родителите сакаат машко дете, мораат да се обидат да го зачнат што поблиску до женската овулација, а ако сакаат девојче, три до 4 дена после овулацијата. Слична метода е 0+12, според која морате да зачнете 12 часа после овулацијата ако сакате девојче.

Јонас методата ја осмислил Еуген Јонас кој тврди дека месечевите мени имаат голема улога во здравјето и полот на детето. Тој самиот има 11 здрави деца, за кои тврди дека точно им го има предвидено полот.

Уште една метоа која ги залуде паровите ширум светот, според која ако сакаат девојче жените треба да пијат млеко и јадат риба, салата и храна богата со калциум, а ако сакаат машко дете, би требало да јадат јајца, месо и протеини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top