| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж на кејот на Вардар

Маж на возраст меѓу 50 и 60 години попладнево во Скопје е изваден мртов од водите на Вардар.

Според очевидци, Роми кои живеат на кејот на Вардар кај пешачкиот мост го забележале телото на мажот. Се обиделе да го спасат, но до него стигнале дури кај хотел „Русија“, кога успеале и да го извадат. Веднаш повикале екипи на Брза Помош и Полиција.
Се уште нема информации за идентитетот на мажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top