| четврток, 6 декември 2018 |

„Сајт Селекшн“ оцени: Македонија меѓу најдобрите инвестициски дестинации

Реномираниот магазин Сајт Селекшн ги соопшти најдборите инвестициски дестинации во светот. Македонија повторно се најде на високите позиции.

rezzz-640x571

Како што истакна денес директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, според магазинот, за Источна Европа Македонија е рангирана на високото место 3 место според бројот на гринфилд проекти по глава на жител и на 7 место според бројот на гринфилд проекти.

Само Чепка и Унгарија се пред Македонија по бројот на гринфилд проекти по глава на жител.

-Тоа значи дека сите наши напори и активности кои ги презедовме во изминатиот период резултираат и со позитивни рангирана на уште еден глобален и реномиран магазин, кој ги валоризира нашите активности, што значи дека дополнително ќе влијае на нови компании кои ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во земјите на ИСточна Европа и Македонија се повисоко да ја стават на нивната инвестициска мапа, рече Мизо.

tirz-640x427

Исто така извозот во првите 4 месеци на оваа година бележи раст од над 30,4% споредено со 2015 година, а извозот надмина 565 милини евра што значи дека разликата межу извозот и увозот е над 130 милиони евра.

-Дополнително имаме индикации дека извозот на компаниите не само на оние кои што работат во зоните туку и на оние кои што во блиска иднина ќе започнат со активна работа, како што е Гентерм кој воедно е во завршна ваза на завршување на нивниот производствен капацитет во Прилеп. О Де Ве електрик кој исто така летово треба да го заврши својот погон во зоната во Струга на и Кеј Сејфти Системс кој активно зпочна со работ ана почетокот на март годинава, кој до крајот на годинава ќе има дополнителни вработувања и зголемувања во производството, вели Мизо.

mizo

Во моментов во ТИРЗ во Скопје се градат три производствени капацитети: Хајтек, компанијата Гес која е германско египетска компанија како и втората фаза на Ван Хол. Во блиска иднина се очекува почеток на градба на новиот производствен капацитет на Џонсон во Струмица, додека пак Кондево го завршува својот производствен погон во Штипкој со активна работа треба да започне кон средината на летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top