| четврток, 6 декември 2018 |

Прослава на 9 мај во ЕУ инфо-центарот

Британскиот совет, Италијанскиот центар „Данте Алигиери“, Францускиот институт во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ и неколку амбасади, в понеделник, 9 мај 2016 година, од 11 до 14 часот, во ЕУ-МК инфо-центар (Плоштад Македонија) организираат настан по повод Денот на Европа.

Насловот на прославата на овој ден  е „Младите и мобилноста“, а се предвидени работилници со членките на мрежата ЕУНИЦ Скопје на тема како младите да ја подготват мобилноста во Европа, како да напишат биографија и мотивациско писмо на повеќе јазици, како да го одредат јазичното ниво и како да дојдат до повеќе корисни информации на оваа тема. Настанот е отворен за сите млади и студенти што би сакале да го надградат своето школување со студии на европски универзитети.  

Настанот се организира со поддршка на секретаријатот за европски прашања и делегацијата на ЕУ, а ќе бидат присутни многу млади луѓе од различни земји, кои изворно говорат најразлични европски јазици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top