| четврток, 6 декември 2018 |

Инфоден посветен на потпрограмата „Медија“ на Креативна Европа

Министерството за култура и Агенцијата за филм, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија (потпрограма „Медија“), денеска (29 октомври) во Инфоцентарот на ЕУ во Скопје, со почеток во 10.30 часот, организира Инфоден посветен на потпрограмата „Медија“ на Креативна Европа.

По официјалното пристапување на Република Македонија во потпрограмата „Медија“ на 24 јули 2015 година, македонските оператори од аудиовизуелниот сектор станаа квалификувани за учество во оваа потпрограма. За време на настанот ќе бидат претставени програмите на ЕУ во кои учествува Република Македонија, вклучувајќи ја и програмата Креативна Европа – потпрограма „Култура“. Главниот фокус на инфоденот ќе биде промоцијата на акциите од потпрограмата „Медија“, чиишто повици за аплицирање се во  тек, и тоа: Развој на проекти (крајни рокови за аплицирање 19.11.2015 година и 24.4.2016 година) и ТВ-прикажување (крајни рокови за аплицирање 3.12.2015 година и 26.5.2016 година).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top