| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна вечер за Владимир Јанкелевич во Инфо-центарот на ЕУ

Францускиот институт во Скопје, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија, утре  организираат книжевно-филозофска вечер посветена на Владимир Јанкелевич во Инфо-центарот на ЕУ, со почеток во 19.30 часот. Настанот ќе биде отворен со промоција на делото „Музиката и неискажливото“, преведено на македонски јазик од Марија Паунова, а издадено од „Македоника“.

muzika

Промоцијата ќе биде проследена со предавање за животот и делото на Владимир Јанкелевич, од страна на проф. д-р Денко Скаловски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Владимир Јанкелевич е француски филозоф и музиколог (1903-1985), кој одбележал цела генерација на професори, студенти и уметници.

Со овој настан ќе биде отворена манифестацијата „Март – месец на франкофонијата“, а ќе биде означен и почетокот на новиот циклус предавања за француската модерна филозофија, организиран од Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top