| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање за француската ликовна уметност во Инфоцентарот на ЕУ

Францускиот институт во Скопје и Делегацијата на Европската унија организираат предавање на тема „Ликовната уметноста во Франција во 1963 година“, кое ќе се одржи денеска во 19.30 часот, во Инфоцентарот на ЕУ, а официјално ќе го отвори н.е. г-ѓа Лоранс Оер, амбасадорка на Франција.

Предавањето ќе го одржи г. Силвен Лекомбр, кустос во парискиот Центар за модерна уметност „Пале де Токио“ и се организира во чест на француската донација на ликовни дела на Музејот на современа уметност во Скопје, кои се дел од постојаната изложба на Музејот.

Настанот е во рамките на серијата настани по повод март, месецот на Франкофонијата, и во рамките на серијата Приказни од културата на Делегацијата на Европската унија, а за истиот е обезбеден симултан превод на македонски, француски и на англиски јазик.

 Силвен Лекомбр, заедно со неговиот колега Ибер Каванјол, на покана на Францускиот институт во Скопје и Музејот на современа уметност, е во посета на Скопје и во рамките на нивната посета ќе работат на делата од француската колекција во Музејот со цел изработка на сеопфатен каталог на истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top