По повод манифестацијата „Ноќ на идеите“, Францускиот институт во Скопје Францускиот културен центар
организира средба со истакнатиот француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на бројни дела Пјер Касу. „НАУКАТА И ИМАГИНАРНОТО ПРЕКУ НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ“.
Модератор: Гаетан Ило, докторант по филозофија
ВТОРНИК 26 ЈАНУАРИ 2016, 19:30 ч. | КАФЕ-КНИЖАРНИЦА „МАГОР“
(Порта Буњаковец лок. 23)
Со консекутивен превод
ДИЈАЛОГ-СРЕДБА СО ПЈЕР КАСУ-НОГЕС
„ИМАГИНАРНОТО, РАЗУМОТ И ЛОГИКАТА“
Преку презентација и игра на прашања и одговори, откријте ја суштината на филозофијата на овој автор!
Модератор: Проф. д-р Ана Димишковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје
СРЕДА 27 ЈАНУАРИ 2016, 19:00 ч. | ЕУ ИНФО ЦЕНТАР, со симултан превод „Пјер Касу-Ногес, филозофот наспроти фикцијата“.
Пјер Касу-Ногес е француски филозоф и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата,
книжевноста и науката. Роден е во Тунис во 1971 година.
Од 2001 до 2011 год., тој работи како одговорно лице на Центарот за научни истражувања на Франција
(CNRS), а од 2011 год. наваму работи како професор на Универзитетот Париз-VIII.
Генерално, неговите истражувања се насочени кон односот помеѓу разумот, којшто го создава
размислувањето и којшто доаѓа до израз во науката и филозофијата, и имагинарното, коешто доаѓа до
израз во книжевноста.
Пјер Касу-Ногес ја поддржува тезата дека секоја концептуализација на разумот во науката, како
што е филозофијата, се поткрепува на имагинарни сцени, кои подоцна можат да бидат избришани.
Во неговите текстови, тој и’ отстапува место на играта на фикцијата во внатрешноста на концептуелната
размисла, за да му даде нова форма на филозофскиот текст.
Според Касу-Ногес, врз филозофската активност постојано делува фикцијата, токму затоа и неговите описи
во книгите речеси не се разликуваат од оние не еден романсиер, т.е. филозофот работи на фикции, воедно
поаѓајќи од нив, а токму тие го одредуваат просторот на можностите и оној на размислувањето. (Ле Монд)
Неговите истражувања се насочени во следните домени:
– Филозофијата во Франција во 20-тиот век ;
– Историјата на логиката и на филозофијата на логиката на математичарот Гедел ;
– Сликата на машината во науката и во книжевноста ;
– Филозофијата и научната фикција.
Листа на издадени дела :
– За математичкото искуство. Есеј за филозофијата на науките на Жан Кавајес, 2001
– Гедел, 2003
– Историја на машините, вампирите и лудите, 2007
– Демоните на Гедел. Логика и лудило, 2007
– Зимата на Фелтрамови, 2009
– Градот на две светлини. Замислена географија, 2009
– Границата на искуството. Есеј за космологијата, 2010
– Јас и мојот зомби. Филозофијата како фикција, 2010
– Читање на мозокот. Невронаучна фикција, 2012
– Мелодијата на тик-так: и други добри причини за губење време, 2013
– Сајбер сништата на Норбер Виенер, 2014
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.