Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето за полуфиналните двојки за Куп натпреварувањето во машка и женска конкуренција.
Завршницата од машкиот ракометен Куп на Македонија е закажана за 13 и 14 мај 2016 година, при што Металург и Вардар меѓусебно се избегнаа. „Вардарци“ за ривал ќе го имаат Охрид, додека „металурзите“ за ривал ќе го имаат составот на Вардар јуниор. Точната локација на одигрување на натпреварите дополнително ќе биде објавена. Финалето ќе се игра на 14 мај од 17:30 часот.
Завршниот турнир пак во Купот во женска конкуренција ќе се игра на 14 и 15 мај 2016 година, а во полуфиналето ќе играат Вардар Јуниор – Металург и Вардар – Куманово. Точната локација за одигрување на натпреварите и точните термини за нивен почеток дополнително ќе бидат објавени.
Куп на Македонија, мажи: Охрид – Вардар, Металург – Вардар Јуниор
Финале (14.05.2016, 17:30)
Куп на Македонија, жени: Вардар Јуниор – Металург, Вардар – Куманово
Финале (15.05.2016)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.