| четврток, 6 декември 2018 |

Се породила во авион, па бебето добило лудо име (ФОТО)

Бебињата понекогаш одлучуваат да се родат во најнезгодно време, како она кога се наоѓате на десет илјади метри надморска височина. Токму такво сценарио се случи минатиот петок на летот на австралиската компанија „Џетстар Азија“.

Породувањето почна кусо по полетувањето на авионот од аеродромот во Сиднеј, кој се упатил кон Јангон во Мјанмар.

За среќа меѓу патниците се најдоа тројца лекари од едно семејство, кои на патничката и помогнаа на свет да донесе момче тешко 2,9 килограми.

Новопечената мајка толку многу била задоволна со професионалноста и љубезноста на персоналот и од пружената помош, поради што одлучила на момчето да му даде име Со Џетстар.

saw-jet-star-baby-flight-birth-in-flight-

Авиокомпанијата на семејството за возврат му подари на ваучер од илјада долари за опрема на бебето, а на докторите им донираа ваучери за патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top