| четврток, 6 декември 2018 |

Ексцентричните тајни на Принс – бил член на Јеховините сведоци, не верувал во времето

Принс е роден во 1958 година во Минесота, но иако рано стана славен за неговиот живот не се знае многу.

princ

Ексцентрични промени на името, невообичаени настапи и единствениот изглед допринесоа за голем број „митови“ за овој пејач. Но, можеби тоа што најмногу изненадува е што некои од приказните се всушност вистинити.

Негуваше имиџ на мистериозна ѕвезда кој обожавателите го почитуваа. Ретко давал интервјуа, што пак оставаше голем простор за трачеви и озборувања, а дури и самиот Принс признал дека често знаел да си поигрува со  новинарите така што им давал грешни или непотполни информации со што сакал да ги натера да се фокусираат на музиката.

LOS ANGELES, CA - FEBRUARY 10:  Musician Prince speaks onstage at the 55th Annual GRAMMY Awards at Staples Center on February 10, 2013 in Los Angeles, California.  (Photo by Kevork Djansezian/Getty Images)

Не спиел – вистина

Принс бил опседнат со музиката и постојано работеше. Издал дури 39 албуми, не вклучувајќи ги компилациите. Бил толку предаден на работата што понекогаш останувал буден со денови за да во целост и се препушти на својата музика. Во интервјуто од 1985 година кажал дека не познава друга личност која може да издржи без спиење како што тој може, како и дека музиката е таа која го држи буден.

princ-foto-profimedia-1461486627-892657

Бил припадник на Јеховини сведоци – вистина

Лари Грејем, менторот и пријателот на Принс, го запознал со Јеховините сведоци во 2001 година. Принс одела на состаноците на Јеховините сведоци и како и останатите припадници одел од врата до врата и проповедал.

princ-foto-profimedia-1461486627-892659

Не верувал во времето – вистина

Можеби звучи како мит, но Принс во повеќе наврати ја објаснил теоријата дека времето е всушност трик. Во интервјуто за холандската телевизија во 1999 година кажал дека почнал да ја истражува таа идеја уште во 1984 година, Појаснил дека луѓето го дефинирале времето, но тој не ги одбележувал родендените ниту ги следел датумите поради што верувал дека тој го има единственото доживување на времето.

prince-purple-guitar

Ентериерот на неговата куќа бил виолетов – најверојатно вистина

Виолетовата боја била заштитен знак на Принс. Оваа приказна се појавила во 2006 година  кога Карлос Бузер, кој му изнајмил куќа во Лос Анџелес, го тужел Принс поради тоа ѕидовите на куќата ги украсил со виолетови линии  и симобли на љубов. Но тужбата била отфрлена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top