| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го доби дербито, десетата титула е на прагот

vardar-shkemdija-240416

Попладнево се одиграа три натпревари од плејофот и два натпревари од плејаутот во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар минимално славеше на домашен терен во дербито на колото против Шкендија и направи огромен чекор на патот кон одбрана на титулата во домашното првенство. По овој триумф, „црвено-црните“ имаат пет бода предност во однос на втората Шкендија на три кола до крајот на првенството, односно му треба минимум уште две нерешени или уште една победа за да ја запечати титулата и оваа сезона.

Единствениот гол на натпреварот, што му донесе победа на Вардар, го постигна Јасир Асани во 9. минута. Во продолжението „црвено-црните“ се бранеа, а Шкендија не успеа да дојде до посакуваното израмнување.

Работнички на домашен терен славеа над Силекс со 2-0. Стрелци на головите беа Борче Маневски во 10. и Мирослав Јовановски во 49. минута.

Резултати:

(плејоф)
Вардар – Шкендија 1-0
Работнички – Силекс 2-0
Брегалница – Шкупи 2-0

Табела:
Вардар 71 бод
Шкендија 66
Силекс 43
Работнички 39
Шкупи 38
Брегалница 36

 

(плејаут)

Царев Двор – Маталург Скопје 2-0
Хоризонт Турново – Ренова 0-0

Табела:
Хоризонт Т. 37 бода
Ренова 35
Младост ЦД 19
Металург

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top