| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ со повик до граѓаните: Народе македонски, ДА за избори, НЕ за агонија – заедно за Македонија

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (2) (Custom)

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) в четврток ќе организира масовен собир за одбрана на државата.
Собирот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија, а граѓаните ќе побараат одржување на избори за излез од кризата во која се наоѓа земјата, прекин на хаосот, дивеењето по улиците и уништувањето на спомен-обележјата.

Минатата недела ГДОМ организира мирни собири во Скопје на кои присуствуваа огромен број граѓани кои бараат предвремени избори за излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Масовна поддршка Граѓанското движење доби и вчера на собирите во Велес, Битола и во Штип, а граѓаните јасно кажаа „ДА“ за избори и „НЕ“ на сценаријата за продолжување на кризата и на бескрајната агонија во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top