| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито во Скопје без победник, Вардар и Шкендија ја продолжуваат мртвата трка за титулата

vardar-skendija

Битката за титулата во сезонава останува отворена по денешото реми на црвено-црните конкуренти Вардар и Шкендија, кои ремизираа (1-1) на Националната Арена „Филип Втори” во последното коло пред стартот на плејофот. Ова е второ реми на Вардар и Шкендија сезонава, по октомвриските 0-0 на првиот меч во Скопје.

По денешните 1-1 на нашиот најголем стадион, Вардар остана на само два бода предност од тетовци, по што сосема е јасно дека никој од двата клуба не е „мртов“ во трката за шампионската круна.

По одличната шанса за Шкендија во 18. минута, сепак Вардар прв дојде до предност со голот на Фелип во 35. минута. Но, по грешката на „вардарци“, Арменд Алими донесе израмнување во 39. минута.

Во второто полувреме, Шкендија повторно беше поактивна во обидите да дојде до посакуваната победа, Вардар ја имаше најголемата шанса кога во 69. минута Фелипе ја погоди гредата, за на крај да се остане на оние 1-1 од првото полувреме.

Резултати ПМФЛ 27.коло:

Вардар – Шкендија 1-1

Ренова – Металург 4-1

Брегалница – Работнички 2-1

Хоризонт Т. – Силекс (2-1)

Младост ЦД, – Шкупи 0-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top