Македонскиот фудбалски репрезентативец, Агим Ибраими, минува низ тешки моменти во својот клуб Марибор, откако во петокот беше принуден да го напушти карантинот на Марибор и не настапи на натпреварот со Домжале. За тоа доби суспензија од клубот, но Ибраими во интерес на вистината откри нови детали за целата ситуација, додавајќи дека тоа го сторил поради навредите од спортскиот директор на клубот, Златко Заховиќ.
– Се можам да поднесам, но, не и навреди кон мојата мајка, затоа што јас сум многу чувствителен. Навредите продолжија, за моето минато, мојот народ и мојата вера. Преку такво нешто не можев да премолчам, и токму поради тоа го напуштив карантинот. Се надевам дека фановите на Марибор ќе ми простат и ќе ме разберат, и засекогаш ќе ги носам во срцето – изјави Ибраими за словенечките медиуми.
Јасно е дека по завршувањето на сезоната Агим Ибраими ќе си замине од Марибор, а за него сериозен интерес меѓудругите покажува македонскиот прволигаш Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Скопјенец поминал на црвено во Бутел, кога го застанале ги навредувал и омаловажувал полицајците
-
Роналдо може да не игра на ел класико поради навреди кон судијата на градското дерби?! (видео)
-
Престанете, навистина престанете да го употребувате тој збор на „Р”