Вардар дојде на само два бода предност на врвот од табелата во однос на Шкендија, откако денеска доживеа пораз од 3-2 на гостувањето против Силекс во Кратово.
По завршувањето на дуелот тренерот на „вардарци“, Гоце Седлоски им честиташе на противниците, но исто така потенцираше дека нема простор повеќе за грешки и дека е потребна мобилизација за натпреварот од следната недела. против Шкендија…
– Најпрво честитки до Силекс за победата. Иако ние бевме доминантни на денешниот дуел, сепак на крајот секогаш победува подобриот. Останавме со 10 играчи, но фудбалот е таков, се добиваат картони. Во иднина треба да размислуваме уште пред натпреварот, а не додека трае истиот. Следната недела имаме доста важен натпревар, па ние мораме да се мобилизираме – изјави шефот на стручниот штаб, Седлоски по денешниот пораз од Силекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.