- Нема ништо чудно ако веднаш не почувстувате врска со детето – Љубовта на прв поглед меѓу мајката и детето постои, но не е толку често колку што се зборува за тоа. Иако со време ќе стане многу силна, тоа не значи дека ќе се појави на прв поглед. Новопечените мајки по породувањето се исцрпени, престрашени и збунети и заради тоа не чувстуваат веднаш поврзаност со детето. Во тоа играат улога и хормоните кои се во дизбаланс по породувањето. Важно е да знаете дека сето тоа е нормално и не сте исклучок.
- Не одбивајте помош – иако сте навикнале сите обврски сами да ги завршувате, повеќето мајки се обидуваат да останат независни и самостојни. Но, доаѓањето на бебето може да биде многу напорно. Затоа секоја помош е добредојдена. Дозолите им на партнерот, роднините, пријатели кои сакаат да ви помогнат тоа и да го сторат.
- Верувајте му на својот инстинкт – Многу жени стравуваат од прашањето – Како ќе знам? Како ќе знам дали е гладно или најадено бебето, дали нешто не е во ред со него и слични прашања. Верувале или не, мајките имаат инстинкт кој им го подарила природата и кој со тек на време се развива. И верувајте му на инстинктот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)