Балетот „Дон Кихот“ е последниот балет од 2015/16 сезоната на Бољшој. Нова продукција која ќе биде презентирана во живо, надополнета со нови костими и сцени. Балетот е креиран во Бољшој во 1969 година и од тогаш претставува класика на компанијата.
ДОН КИХОТ
НЕДЕЛА, 10.АПРИЛ ВО 17ч
ВО ЖИВО (НОВА ПРОДУКЦИЈА), 3ч 10мин
МУЗИКА: ЛЕОН МИНКУС
КОРЕОГРАФИЈА: АЛЕКСЕЈ ФАДАЈЕЧЕВ
ЛИБРЕТО: МАРИУС ПЕТИПА
УЛОГИ: Екатерина Крисанова (Китри), Семјон Чудин (Басилио), Алексеј Лопаревич (Дон Кихот), Роман Симачев (Санчо Панса).
Ексцентричен херој на Сервантес, Дон Кихот, и неговиот верен слуга Санчо Панса одат во потрага по совршена жена. По пат ја среќаваат Китри, ќерка на крчмарот, која Дон Кихот верува дека таа е неговата идеална љубов…
Исклучителен квалитет и елеганција на Бољшоевите танчери во комбинација со прославениот кореограф Фадајечев, и прекрасена музичка на Леон Минкус. Со нова сценографија и костими, и богата техничка продукција, Дон Кихот претставува вистински Бољшој балет кој што не смее да се пропушти!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.