| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија

На почетокот на ноември во Долгопрудниj, град во Московската област, по 12-ти пат се одржа Театарскиот фестивал «Долгопрудненска есен 2019» кој како љубителите на театарската уметност, така и професионалците го сметаат за културен настан значаен за цела Русија.

На фестивалот зедоа учество над 20 театарски колективи. Како домаќин на фестивалот по традиција се јави долгопрудненскиот театар «Город» – проверен пријател на Македонија. Театарот повеќе пати беше учесник и лауреат на фестивалот на античка драма во Стоби. Директорката на театарот Жанета Арутјуњан признава дека од своето прво доаѓање во Македонија артистите ја засакаа оваа земја. И навистина вложуваат многу напори за популаризација во Русија на културните вредности и на туристичките капацитети на Македонија.

-Со нив мене како претседател на невладината организација «Македонски културен центар» во Москва ме поврзува одамнешното пријателство. Годинава бев поканета на фестивалот во својство на специјален член на жирито. Одржав две предавања за македонскиот јазик и литература и за современата состојба на македонскиот театар. Одговорив на многу прашања поставени од публиката која покажа жив интерес за Македонија. На театарските дејци им понудив текстовите на делата од македонските драматурзи (на руски имам преведено 18 драми) со цел пиеса од македонски автор да се најде на репертоарот барем на еден руски театар. Руската театарска критика по овој настан ја оцени македонската драматургија како нешто совршено и возвишено. Најголема желба на организаторите на фестивалот е театар од Македонија да земе учество во «Долгопрудненска есен 2019». Тие очекуваат дека со моја помош тоа ќе се случи до година. А на овогодишниот фестивал гледачите уживаа во «Чернодрински се враќа дома» од извонредниот македонски автор Горан Стефановски, мини-претстава која театарот «Город» сјајно ја изведе на својата сцена, вели Жанета Арутјуњан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top