| четврток, 6 декември 2018 |

Во центарот за дизајн „Јавна соба“ ќе се отвори саем на Полошкиот регион

Денеска во 11 часот во центарот за дизајн „Јавна соба“ ќе се отвори саем на Полошкиот регион под име „Полог: природа, култура, авантура“ на кој 15 мали и средни бизниси од регионот ќе ги изложат и продаваат нивните производи – традиционална храна и облека, филигран, копаничарство, природна козметика, мебел, туристички услуги и друго.

Javna soba- Public room 200x200px- all-04

За време на отворањето, посетителите ќе имаат шанса да погледнат неколку занаетчиски презентации – копаничарство, рачна декорација на облека со срма и декорација на торта. Саемот ќе се одвива од 7. до 9. април, а влезот е бесплатен.

Саемот „Полог: природа, култура, авантура“ е организиран од Локалната акциона група Боговиње-Брвеница во партнерство со Јавна Соба и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Локалната акциона група (ЛАГ) Боговиње-Брвеница е здружение на граѓани сочинето од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од општините Боговиње и Брвеница. Здружението е основано како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-от го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од Полог пред поголема публика на потрошувачи, со крајна цел да го потпомогне проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top