Денеска во 11 часот во центарот за дизајн „Јавна соба“ ќе се отвори саем на Полошкиот регион под име „Полог: природа, култура, авантура“ на кој 15 мали и средни бизниси од регионот ќе ги изложат и продаваат нивните производи – традиционална храна и облека, филигран, копаничарство, природна козметика, мебел, туристички услуги и друго.
За време на отворањето, посетителите ќе имаат шанса да погледнат неколку занаетчиски презентации – копаничарство, рачна декорација на облека со срма и декорација на торта. Саемот ќе се одвива од 7. до 9. април, а влезот е бесплатен.
Саемот „Полог: природа, култура, авантура“ е организиран од Локалната акциона група Боговиње-Брвеница во партнерство со Јавна Соба и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Локалната акциона група (ЛАГ) Боговиње-Брвеница е здружение на граѓани сочинето од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од општините Боговиње и Брвеница. Здружението е основано како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-от го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од Полог пред поголема публика на потрошувачи, со крајна цел да го потпомогне проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?