| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на 19 ромски сликари во Јавна соба

Денеска, вторник, во центарот Јавна соба со почеток во 19 часот, ќе биде ликовна изложба на доајените на ромската ликовна уметност, автори со најизразено творештво од 60- тите години.

Изложбата е организирана од страна на амбасадата на Унгарија во Скопје и ФРОКК од Будимпешта и е отворена за сите посетители од 5 до 27 април во центарот Јавна Соба.

Во 60-тите години од  ХХ век започнува континуирано збогатување и застапеност на ромската уметност во Унгарија. Творештвото на овој етникум кој се смета за најсиромашен во Европа е едно од најбогатите во смисла на колорити, емоции, искрени пораки и желба за пријатество и прифаќање. Критиките на светските ликовните критичари укажуваат дека ромската култура и уметност токму во 60- тите години доживуваат раст, преродба и добиваат светски прпознатлива форма.

Оваа генерација на 19 унгарски ромски сликари со исклучителен талент успева да  креираа култура кај ромите по која се водат и денешните генерации кои “де факто” не го акцентираат ромското потекло. Како и во тоа време така и денес сите испраќаат една порака, да бидат прифатени со чисто срце.

Изложбата на 19 ромски сликари, со 28 масла на платно ќе биде програмски обогатена со Бојана Фабел трио и ромска џез музика, дегустација на унгарски специјалитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top