Денеска, вторник, во центарот Јавна соба со почеток во 19 часот, ќе биде ликовна изложба на доајените на ромската ликовна уметност, автори со најизразено творештво од 60- тите години.
Изложбата е организирана од страна на амбасадата на Унгарија во Скопје и ФРОКК од Будимпешта и е отворена за сите посетители од 5 до 27 април во центарот Јавна Соба.
Во 60-тите години од ХХ век започнува континуирано збогатување и застапеност на ромската уметност во Унгарија. Творештвото на овој етникум кој се смета за најсиромашен во Европа е едно од најбогатите во смисла на колорити, емоции, искрени пораки и желба за пријатество и прифаќање. Критиките на светските ликовните критичари укажуваат дека ромската култура и уметност токму во 60- тите години доживуваат раст, преродба и добиваат светски прпознатлива форма.
Оваа генерација на 19 унгарски ромски сликари со исклучителен талент успева да креираа култура кај ромите по која се водат и денешните генерации кои “де факто” не го акцентираат ромското потекло. Како и во тоа време така и денес сите испраќаат една порака, да бидат прифатени со чисто срце.
Изложбата на 19 ромски сликари, со 28 масла на платно ќе биде програмски обогатена со Бојана Фабел трио и ромска џез музика, дегустација на унгарски специјалитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.