Дерби натпреварот од 25. коло во Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра в среда на арената „Филип Втори“, со почеток во 18 часот, информираше актуелниот македонски шампион, кој е домаќин на овој меч. Со ова им се дава можност на љубителите на фудбалот, со оглед дека е работен ден, во поголем број да присуствуваат на нашиот најголем стадион. Во употреба ќе биде пуштена само Јужната трибина, поради градежните активности на Северната трибина на арената „Филип Втори“.
Останатите четири натпревари од 25. коло ќе се одиграат в среда, со почеток во 16 часот, а се среќаваат: Брегалница – Металург, Шкендија – Силекс, Ренова – Младост ЦД, Хоризонт Турново – Шкупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.