| четврток, 6 декември 2018 |

Пипен: Ако го чувам јас, Кари не би дал ни 20 поени

skoti pipen

Актуелниот шампион на НБА лигата, екипата на Голден Стејт е на добар пат да го урне апсолутниот рекорд на Чикаго булс, тим што во сезоната 1995/96 оствари 72 победи и 10 порази. „Воините“ моментно имаат скор 69-8, но додека американската јавност навива тие да го урнат рекордот, еден од оние кои не сака тоа да се случи е Скоти Пипен. „Првиот асистент“ на Мајкл Џордан во неповторливата генерација на Чикаго порача дека воопшто не е импресиониран од играта на Голден стејт, наведувајќи дека кога би бил возможен дуел на тој состав на Чикаго против оваа екипа на Голден стејт, „биковите“ лесно би победиле.

– Чикаго би добил со 4-0, убеден сум во тоа. Ние бевме тим со карактер и немаше да им дозволиме да добијат ниту еден меч. Јас би го чувал Стеф Кари и тоа што сум висок и имам долги раце би ми помогнало да го запрам. Според мене, Кари не би дал 20 поени кога јас би го чувал – самоуверено изјави Пипен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top