| четврток, 6 декември 2018 |

За седум дена на „Ало докторе“ имало 1.292 јавувања

За една недела 1.292   повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. Од 15 септември 2014 година до вчера на 02/15 123 се јавиле вкупно 85.213 граѓани.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори  вкупно се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки,  симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска  терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top