
Екипата на Вардар продолжува со настапите овој викенд во СЕХА лигата. На завршниот турнир во Вараждин, Хрватска, црвено-црните во полуфиналето ќе играат против екипата на ППД Загреб.
Ден пред почетокот на фајнал-форот СЕХА лигата го објави идеалниот состав на сезоната. Во него се најдоа по тројца ракометари на Вардар и Веспрем и по еден од екипите на Загреб и Мешков Брест.
За МВП на сезоната е прогласен бекот на Веспрем, Момир Илиќ, но заедно со него во идеалниот тим се Арпад Штербик, Тимур Дибиров и Илија Абутовиќ. Штербик убедливо ја доби битката со Роланд Миклер од Веспрем, а Дибиров со Радослав Антл од Татран. Абутовиќ со години е носител на играта во одбраната на Вардар, само сега доби официјална потврда од СЕХА лигата дека е најдобар дефанзивец во регионот.
Миленикот на „комитите“ тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ е избран за најдобар тренер во ова силно регионално натпреварување.
Идеален состав на СЕХА лигата:
ГОЛМАН Арпад Штербик Вардар
ДЕСЕН БЕК Ласло Наѓ Веспрем
ЦЕНТАР Чема Родригез Веспрем
ДЕСНО КРИЛО Златко Хорват Загреб
ПИКЕР Растко Стојковиќ Мешков
ЛЕВ БЕК Момир Илиќ Веспрем
ЛЕВО КРИЛО Тиму Дибиров Вардар
НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ Илија Абутовиќ Вардар
НАЈДОБАР ТРЕНЕР Веселин Вујовиќ Загреб
МВП НА СЕЗОНАТА Момир Илиќ Веспрем
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


