Крешник Спахиу, претседателот на националистичката партија Алеанца на црвено-црните во Албанија, од Поградец завчера упати закана до Македонците во Мала Преспа дека штом ќе дојдат на власт, повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.
„Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топонимии. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и тоа ќе го направиме без компромис, не копирајќи никого, не правејќи ниту политички пазар. Но, за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, наместо албанизирање, се случува спротивното за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат во Лиќенас (Пустец) и другите села. Ние доаѓаме со ветување дека не ги сакаме нивните гласови, но албанските имиња ќе ги вратиме во Лиќенас (Пустец) и сите други села затоа што се етнички албански територии. Поради овие причини, ние треба да го остраниме овој прословенски и прогрчки клан за да им донесеме на Албанците еден цел црвено-црн парламент – изјави Крешник Спахиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


