| четврток, 6 декември 2018 |

Во Археолошкиот музеј отворена изложбата „Некрополите на Мали Дол“ (галерија)

Во НУ Археолошки музеј на Македонија денеска беше отворена изложбата „Некрополите на Мали Дол“.

600285_10207426556295500_1836612298571342222_n

Изложбата е резултат од шестгодишните истражувања на локалитетот Мали Дол во селото Тремник кај Неготино, кои се одвиваа под раководство на Археолошкиот музеј во соработка со Музеј на град Неготино и Филозофскиот факултет од Скопје, а под покровителство на Министерството за култура на РМ.

12885786_10207426558495555_5509691883554331866_o

Археолошките истражувања беа со заштитен карактер и се одвиваа на еден мошне ограничен простор, ограден со градинарски култури и винова лоза. Со истражувањата се откриени вкупно 60 погребувања кои припаѓаат на два хоризонти на погребувања.

12916157_10207426560095595_7962893107873342664_o

Првиот хоризонт се датира во преодниот период од бронзено во рано железно време, односно 12. век – 11. век пред н.е., а вториот во периодот на средниот век, односно во 11. и 12. век.

12936704_10207426551175372_18069460451160675_n

Материјалните остатоци, гробните форми, ритуалот на погребувањето констатирани во  гробовите од постариот хоризонт на погребување претствуваат одлична илустрација за случувањата во периодот на преод од бронзено во железно време, и се од особено значење за предисториската археологија на Република Македонија.

12936712_10207426533454929_1306125027231661109_n

Реупотребата на постарите гробови, како и користењето на овој простор како свет, сѐ до средниот век го илустрира значењето и посебното место кое локалитетот Мали Дол го има во македонската наука и археологија воопшто, известија од НУ Археолошки музеј на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top