Археолошките истражувања беа со заштитен карактер и се одвиваа на еден мошне ограничен простор, ограден со градинарски култури и винова лоза. Со истражувањата се откриени вкупно 60 погребувања кои припаѓаат на два хоризонти на погребувања.
Првиот хоризонт се датира во преодниот период од бронзено во рано железно време, односно 12. век – 11. век пред н.е., а вториот во периодот на средниот век, односно во 11. и 12. век.
Материјалните остатоци, гробните форми, ритуалот на погребувањето констатирани во гробовите од постариот хоризонт на погребување претствуваат одлична илустрација за случувањата во периодот на преод од бронзено во железно време, и се од особено значење за предисториската археологија на Република Македонија.
Реупотребата на постарите гробови, како и користењето на овој простор како свет, сѐ до средниот век го илустрира значењето и посебното место кое локалитетот Мали Дол го има во македонската наука и археологија воопшто, известија од НУ Археолошки музеј на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.