| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето од Дојран е негативно на денга-вирусот, останува сомнежот за зика

Бебето од Дојран кое е родено со мала глава нема денга-вирус, покажаа резултатите од испитувањата. Сега се очекуваат резултатите од проверките дали девојчето од Дојран кое се родило пред скоро три месеци има зика вирус.

Инаку аномалиите кои  најверојатно се предизвикани од вирус се настанати уште во првите три месеци  од бременоста  кога се развива мозокот и другите органи.

Мајката  во тој период патувала во Грција. Била касната од комарец што е особено важно во случајов бидејќи токму овие инсекти го пренесуваат вирусот.

Според министерот за здравство Никола Тодоров формирана е комисија која го следи случајот и без разлика на резултатите ќе се следи каде е направен пропуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top