| четврток, 6 декември 2018 |

Ракомет: Вардар јуниор лигата го исполнува поставениот план

Веќе четири месеци секој викенд се одржуваат натпревари од Вардар јуниор лигата, проект на Ракометната Академија на РК Вардар. Салите во СЦ „Јане Сандански” и СЦ „Кале” беа препознатливи по детскиот и тинејџерски џагор, каде се одигруваа натпревари од повеќе старосни категории.

Вардар отсекогаш бил препознатлив по добрите резултати на сениорските екипи, и расадник на таленти од кои произлегуваат и врвни ракометари.

– Нашата поставена цел почнува да носи резултати. Секоја генерација на ракометари и ракометарки кои тренираат под закрилата на Ракометната академија на Вардар имаат постојано натпревари низ кои се напредува во формата, знаењето и едукацијата. Секој натпревар носи „плус” за секој наш член. Среќни сме што и нашите млади челнови се задоволни од сопствените настапи, од организацијата на натпреварите и подобрувањето на формата. Тоа е мотив повеќе за нас како клуб, за тренерите на секоја екипа, и за сите играчи да продолжат со уште поуспешна работа. Кај раководството на клубот уште поголеми се амбициите кога станува збор за младите категории, од каде сакаме да создадеме нови генерации кои ќе го пронаајдат своето место на македонската и светската ракометна сцена. Среќен сум и горд на сите млади ракометари и ракометарки кои од ден во ден, од недела во недела покажуваат голема воља и амбиции за работа и играње ракомет, и секој пат ги гледаме нивните насмевки на лицата. Свесни се дека можат да се изборат за место во младите селекции на РК Вардар, што е и основната цел на формирањето на Ракометната академија на Вардар. Ова е еден од начините да се пронајдат млади таленти, да се инспирираат и мотивираат да се занимаваат со ракомет и да истрајат на патот до станување на професионални ракометари, како дел од Вардар – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на клубот.

Овој викенд, во недела (27.03.2016) од 9 до 19 часот во СЦ Кале ќе се одржи 5. и 6. коло од Вардар јуниор лигата каде се натпреваруваат три различни возрасни категории, родени 2004/2005, 2006/2009 и 1998/1999 година во двете конкуренции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top