| четврток, 6 декември 2018 |

Ретроспективната изложба „Циклуси“ на Крунислав Стојановски во Домот на културата во Кавадарци

Во четврток, на 24 март 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонскиот академски ликовен уметник Крунислав Стојановски, кој 30 години живее и работи во Загреб, Хрватска.

Изложбата е насловена како “Циклуси“ и содржи дела од осум ликовни циклуси кои авторот ги стварал последните 20 години.

Во сабота пак, на 26 март 2016, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржат два настани. Во Галеријата при Домот од 19 часот ќе се одржо концерт на пијано дуото Маја Божиновска и Мимоза Ќека, а во 20 часот во Салата на Домот на културата ќе се одржи Поетри – Слем натпревар Кавадарци 2016, со учество на дваесетина поети од цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top