Во четврток, на 24 март 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонскиот академски ликовен уметник Крунислав Стојановски, кој 30 години живее и работи во Загреб, Хрватска.
Изложбата е насловена како “Циклуси“ и содржи дела од осум ликовни циклуси кои авторот ги стварал последните 20 години.
Во сабота пак, на 26 март 2016, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржат два настани. Во Галеријата при Домот од 19 часот ќе се одржо концерт на пијано дуото Маја Божиновска и Мимоза Ќека, а во 20 часот во Салата на Домот на културата ќе се одржи Поетри – Слем натпревар Кавадарци 2016, со учество на дваесетина поети од цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.