Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, денеска и утре (вторник 22 март и среда 23 март) во 20 часот во Кинотека, премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Разделба ““. Филмот е со превод на македонски и англиски. Влезот е бесплатен, но советуваме да резервирате билети на телефонскиот број на Кинотека: 02/3065968
Филмот говори за една двојка која по 38 години брак се разведува. Изминатите 15 години спијат во одделни спални соби. Сега, еден од нив сака развод. Вилата веќе е ставена на продажба. Дали е во ред да го фрлиш стариот свадбен фустан? Што правиш со кристалните чаши што никој не ги сака? Во нејзиниот прв документарец, Карин Екберг со својата камера ги следи своите родители за време на една година од нивните животи. Што се случува меѓу двајца кои се разведуваат? Луѓе кои можеби требале да се разведат многу одамна. РАЗДЕЛБА е трагикомедија која го отсликува последниот чин на еден долг брак. Филм за неизвесната потрага по почеток на она што, на крај и не за среќа, е готово.
Режисер: Карин Екберг, Главни улоги: Лена Екберг, Шел Петерсон, времетраење. 70 минути, Година на издавање: 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.