| четврток, 6 декември 2018 |

Младите репрезентативци на Македонија во посета на најверните навивачи

fudbaleri 2

Фудбалерите на младата репрезентација на Македонија (У21) која својот собир го имаше вчера во рамки на продолжението од квалификациите за пласман на Европското првенство, покрај стандардните професионални фудбалски обврски, предпладнево одвоија време и за дружба со своите најверни навивачи и поддржувачи.

fudbaleri 1

Бабунски, Николов, Велковски, Барди и Ангелов ги посетија ОУ Кирил Пејчиновиќ во Кисела Вода и ОУ Александар Македонски во Аеродром, каде што имаа прилика да се запознаат и да се дружат со најмалите и најискерени навивачи и љубители на фудбалот кои не ја криеја возбудата од присуството на македонските фудбалски ѕвезди во најава.

Фудбалерите со задоволство делеа автограми и селфи пози и секако беа пријатно изненадени од еуфоричната атмосфера која ги дочека.

– Навистина е убаво чувството да се биде овде, помеѓу најмладите за кои фудбалот едноставно претставува детска игра, ни овозможи поинаква перспектива, да ја согледаме фудбалската игра во суштина. На некој начин не ослободи од притискот кој како професионалци неизбежно го чувствуваме. Ова покажува дека фудбалот е и ќе биде број еден спорт, и секако е голем мотив да дадеме се од себе и да донесеме победа. Навистина се радувам што младите сеуште веруваат во фудбалот и во македонската репрезентација – изјави Николов.

fudbaleri 4

Свое обраќање имаа и директорите на ОУ Кирил Пејчиновиќ, Сашо Јованоски и на ОУ Александар Македонски, Слаѓана Настовска, во кое им се заблагодарија на репрезентативците, на стручниот штаб и на ФФМ за посетата и донацијата на спортска опрема (маици, топки) која е секако значајна за училиштниот спорт.

Исто така, фудбалерите ги поканија основците да бидат дел и да ги бодрат на трибините на тренинг центарот на ФФМ во натпреварот против Исланд, а поделија и влезници за настапот на своите колеги сениори од А репрезентацијата за натпреварот против Бугарија кој ќе се одигра на Арената Филип Втори на 29. Март во 19ч.

fudbaleri 3

Македонските надежи на 24. март во Скопје против Исланд, и на 28. март во Ле Ман против Франција, ги очекуваат двата клучни натпревари околу идниот тек на квалификацискиот циклус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top