| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Шкендија продолжуваат со победничкото темпо

vardar

Вардар избегна сензационално реми со младиот состав на Металург во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, благодарение на погодокот на Драган Ќеран, кој влезе во игра во второто полувреме, и погоди во 80. минута за победа од 2-1.

По овој триумф, „вардарци“ останаа со пет бода предност во однос на Шкендија, која убедливо со 3-1 славеше против Шкупи на натпреварот кој се играше без навивачи во Велес.

Вардар, дојде до предност во 26. минута со голот од пенал на Којашевиќ, за да Металург изненадувачки во 72. минута стигне до израмнување преку Асани. Сепак, Ќеран спречи сензација во 80. минута.

Шкендија, пак, многу полесно дојде до посакуваните бодови. Бесарт Ибраими со прекрасен гол од слободен удар уште во 7. минута донесе предност, а потоа Радески и Тодоровски во второто полувреме осигураа предност и од 3-0. Муарем Бајрами успеа само да постигне почесен гол за Шкупи.

Резултати ПМФЛ 23.коло

Вардар – Металург 2-1

Шкендија – Шкупи 3-1

Хоризонт Т. – Младост ЦД. 3-1

Силекс – Работнички 0-0

Ренова – Брегалница 3-0

ТАБЕЛА: Вардар 58 бода, Шкендија 53, Шкупи 34, Силекс 34, Работнички 33, Ренова 25, Хоризонт Т. 24, Брегалница 23, Младост ЦД 16, Металург 13 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top