| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Тери следната сезона ќе биде и играч и тренер на Брондби?!

djon teri

Џон Тери ова лето се очекува да го напушти Челзи и својата кариера да ја продолжи во Данска во екипата на Броднби, каде би бил и тренер и играч.

Англискиот фудбалер е близок пријател со сопственикот на данскиот клуб Јан Бек Андерсен и се очекува летово овие шпекулации да се остварат. Претходниот тренер на Брондби Томас Франк поднесе оставка минатата недела откако јавно беше критикуван од сопственикот Андерсен. Моментално Аурелиус Скарбалииус ја извршува функцијата тренер, но тој само му ја чува клупата на Џон Тери.

Ветеранот сепак нема веднаш да се откаже од играчката кариера. Во Брондби се очекува да биде и одлично засилување за одраната на данскиот клуб, бидејќи ќе формира екстра тандем со поранешниот капитен на Ливерпул, Даниел Агер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top