| четврток, 6 декември 2018 |

Во авион на „Ер Франс“ пронајдено четиригодишно дете скриено во чанта

Една жена била приведена вчера на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, откако пристигнала со „Ер Франс“ од Истанбул за Париз, бидејќи успеала да сoкрие четиригодишно девојче од Хаити во чанта и да го качи во авионот без билет

Во Истанбул таа била со него во транзитната зона, каде што пристигнала со друг лет, пренесе БТА. Таа со детето ги поминала проверките, но поради непознати причини не и било дозволено да го качи детето со себе во авионот, рече извор од парискиот аеродром, на кој беше приведена жената.

Откако купила билет за друг лет, жената одлучила да го сокрие дететот во чанта, со која се качила во авионот. Набрзо потоа детето било откриено и екипажот го предал на аеродромските власти.

По краткото приведување, француското правосудство одлучи да не презема судски дејствија против неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top