Пред бројна публика, синоќа во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше промовирана стихозбирката “Ѕвезден корен” од академик Анте Поповски, на бугарски јазик.
Ова е прво поголемо издание на нашиот познат поет, кое во издание на бугарското книгоиздателство “Ерго”и Мартин Христов ќе може да биде достапно за читање и за запознавање на бугарската публиката со опусот на Анте Поповски. Изборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов а во стихозбирката се претставени 84 песни, најмногу од неговите последни дела “Две тишини” и поемата “Света Песна”.Преводот на делото беше помогнато од Програмата на Министерството за култура за поддршка на преводи на наши автори, во странство.
На вечерта посветена на опусот на академик Поповски, освен Кисјов и Христов, свои обраќања имаа директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров, како и синовите на академик Поповски, Александар и Жорж Поповски.
Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика. Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.