| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана стихозбирката „Ѕвезден корен“ од Анте Поповски во КИЦ во Софија (галерија)

Пред бројна публика, синоќа во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше промовирана стихозбирката “Ѕвезден корен” од академик Анте Поповски, на бугарски јазик.
12802951_10205750171895454_3165251109645270136_n
Ова е прво поголемо издание на нашиот познат поет, кое во издание на бугарското книгоиздателство “Ерго”и Мартин Христов ќе може да биде достапно за читање и за запознавање на бугарската публиката со опусот на Анте Поповски. Изборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов а во стихозбирката се претставени 84 песни, најмногу од неговите последни дела “Две тишини” и поемата “Света Песна”.Преводот на делото беше помогнато од Програмата на Министерството за култура за поддршка на преводи на наши автори, во странство.
1660306_10205750161935205_863721230946098360_n
На вечерта посветена на опусот на академик Поповски, освен Кисјов и Христов, свои обраќања имаа директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров, како и синовите на академик Поповски, Александар и Жорж Поповски.
12524355_10205750165775301_4973533907822907005_n
Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика. Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
12790928_10205750173935505_7125026592992201187_n
12801505_10205750163095234_8408379935655120444_n
12813953_10205750170655423_6379962423991737609_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top