„Писма од земјата“ е авторско дело на актерот Никола Тодороски, работено врз текст на еден од врвните светски сатири
Протагонистот Тодоровски, кој се јавува како главен лик и режисер, автор на песните и сценарист на претставата, вели дека „Писма од земјата“ е моноспектакл или сатирична турбуленција во која преку ликот на Лудиот филозоф – Будалата се обидува да посочи на сите горчливи нешта кои постојат во општеството, прикажани на сатиричен начин.
– Ликот на лудиот филозоф ја соочува публиката да се напие од горката чаша на се она што не опкружува во општеството и притоа згрозена да плукне на сите тие работи, да се насмее и насмевнувајќи да се присети дека може да биде и полошо – изјави Тодороски на прес-конференцијата по повод премиерата.
За него бил предизвик и провокација да се обиде да работи нешто слично, а истовремено поразлично од досегашниот негов актерски опус.
– Успеавме да создадеме интересен лик кој е водечки. Се надевам дека претставата ќе биде интересна и провокативна – додаде Тодороски.
Премиерно претставата ќе биде изведена утревечер, 8 март, од 20 часот на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Репризата е закажана за 19 март, додека на 15 мај претставата ќе се изведува и пред бугарската прублика во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.