Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван , го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за квалификациите за пласман на ОИ во Рио што ќе се одржат од 8 до 10 април во Гдањск.
Во поширокиот состав на репрезентацијата се враќа бекот Дејан Пецаковски кој настапува за тунискиот шампион Клуб Африкен. Тунис е еден од трите противници на Македонија во квалификациската група, покрај домаќинот Полска и Чиле. Првите две репрезентации во групата обезбедуваат пласман на ОИ во Рио.
Според соопштението од РФМ, терминот за старт на подготовките пред квалификацискиот турнир во Гдањск, ќе биде дополнително објавен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.