| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвените ѓаволи“ со најголема понуда за Обамејанг

obamejang-dortmund

Манчестер Јунајтед моментално е најблиску до потпишување договор со извонредниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Пјер-Емерик Обамејанг би можел летото да го засили Јунајтед, кој е спремен за неговиот трансфер да издвои 70 милиони фунти.

Дортмунд ја одреди цената, прво Арсенал беше заинтересиран, но Арсен Венгер не е подготвен да издвои толкава сума на пари, додека „црвените ѓаволи“ немаат многу избор, очајно им е потребен добар голгетер.

Обамејанг ја игра најдобрата сезона во својата кариера, втор стрелец е во Бундеслигата со 22 голови, еден помалку од Левандовски.

Сепак, не треба да се заборави на неодамнешната изјава на напаѓачот на Габон, дека негов сон е еден ден да настапува за Реал Мадрид, кој со евентуална понуда ќе ги расипе плановите на англискиот клуб.

„Мојот сон уште од детството ми е да играм за Реал Мадрид. Такву ветување му дадов на мојот дедо кој живееше на 100 километри од Мадрид и беше нивни верен навивач. Знам дека не е лесен патот до остварување на нашите желби“, изјави Обамејанг.

Договорот на Обамејанг со Дортмунд е до летото 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top