| четврток, 6 декември 2018 |

Четири години затвор за сириски шверцери поради смртта на малиот Ајлан Курди

­ Двајца сириски шверцери на луѓе денеска се осудени во Турција на казна затвор во времетраење од четири години и два месеци поради смрта на тригодишното сириско дете Ајлан Курди и на уште четири лица, пренсува „Танјуг“.

ajlan

Судот ги прогласи двајцата Сиријци за виновни за шверц со луѓе, но ослободени се од обивинението дека предизвикале смрт со намерно запоставување.

Судењето на сириските државјани Мувафаки Алабаш и Асем Алфрад почна на 11 февруари во егејскиот град Бодрум.

Фотографијата на безживотното тело на момчето свртено со лицето во песок на плажа во Бодрум го шокираше целиот свет и го сврте вниманието кон бегалската криза.

Братот и мајката на Ајлан, исто така, се удавиле во септември минатата година, кога им се превртел бродот при обид да се превезат од Бодрум до грчкиот остров Кос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top