| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија остана на 138. место на ранг-листата на ФИФА

reprezentacija na makedonija

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 138. место на листата на ФИФА и на најновото рангирање. „Црвено-жолтите“ имаат 257 бода и се наоѓаат пред Хонгконг, Јужен Судан и Сент Винсент, но, сепак, се послаби од селекцијата на Бурунди, која е рангирана на 129.позиција.

Од селекциите со кои ќе се сретнеме во следните квалификации за СП 2018 година, Шпанија е треторангирана, Италија се наоѓа на 14.место на листата на ФИФА, Албанија се наоѓа на 35.место, Израел е 67.селекција во светот, додека Луксембург е четири места зад нас, на 142.позиција.

Словенија, следниот противник на македонскиот национален тим на пријателскиот меч што ќе се одигра во Копер на 23 март, се наоѓа на 54.место на листата на ФИФА.

Кај водечките десет селекции нема никакви промени. Белгија е на првото место, пред Аргентина и пред Шпанија, а потоа се Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top